Се степаа Гробари и Делии, еден во животна опасност

Се степаа Гробари и Делии, еден во животна опасност


Еден навивач е во животна опасност и се наоѓа на реанимација со тешки повреди на главата, а патем и расекотини на нозете и стомакот, по масовната тепачка која се случила на белградска Автокоманда, пред денешното коло во Српската Суперлига.

Денеска во српската престолнина не се игра вечното дерби, но и Ц. Звезда и Партизан се домаќини на своите мечеви со Земун односно Борац Чачак, а сооглед дека стадионите се во радиус од 500 метри, шанси за пресретнување на омразените навивачи групи е огромна.

Во близина на Автокоманда се случила жестока тепачка, во која учествувале 50 навивачи на Партизан (Гробари) и Ц. Звезда (Делии), а според информациите на спрските медиуми биле користени ножеви, мачети, палки, шипки... Еден од навивачите, 29 годишен учесник во масовната тепачка бил итно пренесен во болница со тешки повреди. Не е посочено чив припадник е, дали на Гробари или Делии.

Пред само три недели во „Караѓорѓев парк“ имало жестока пресметка и заседа од Гробари кон Делии, по што навивачите на Партизан прогласија победа, па сега веројатно оваа тепачка е продолжение на истата. Српските медиуми вчера најавија можно крваво сценарио сооглед дека сите мечеви од последното коло во регуларниот дел се играат од 17 часот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно