Се самолансираше за да ја види земјата плоча и ќе станел плочка

Се самолансираше за да ја види земјата плоча и ќе станел плочка


За да докаже дека е Земјата рамна плоча, 61-годишниот Мајк Хјуџис направил сопствена ракета и се лансирал преку 500 метри во воздух.

Слетал во пустината Мохаве, а по прегледот кај лекар, утврдено е само дека имал болки во грбот. 

"Се чувствувам многу полесно сега. Ми беше доста од тоа сите да зборуваат дека нема да направам ракета. Уморен бев од тие работи, се собрав, и го направив тоа", рекол тој по слетувањето.

Иако неговото лансирање било закажано за крајот на минатата година, поради бројните дозволи, а и технички проблеми, Хјуџис го одложувал летот се до неделата. Хјуџис е инаку возач на лимузина, а неговата ракета полетала во околу 15 часот. Откако достигнал одредена висина и брзина, отворил падобран. И натаму пребрзо паѓал, па го отворил и резервниот. Целиот настан траел неколку минути. "Дали верувам дека е Земјата рамна како фризби? Верувам дека е. Но, дали го знам тоа? Не. Затоа сакам да одам во вселената", истакнал Хјуџис. Тоа е неговиот следен проект. Сака да изгради нова ракета која ќе го одведе до атмосферата. Ова е веќе втор пат да направи ракета и да се лансира со неа. Првиот пат го направил тоа во 2014. година, а да заздрави од слетувањето му биле потребни 3 дена.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно