Се разбудил мамурен, со модрица на лицето, а потоа почнал да плаче кога ја прочитал пораката од сопругата!

Се разбудил мамурен, со модрица на лицето, а потоа почнал да плаче кога ја прочитал пораката од сопругата!


Марко, среќно оженет човек, едно утро се разбудил мамурен. Тој цела ноќ со пријателите бил во кафана и не се ни сеќава како стигнал дома.

 “По ѓаволите” помислил тој, прашувајќи се да не направил нешто лошо минатата ноќ. Одвај ги отворил очите и станал. Прво се напил чаша вода и лекови за главоболка кои биле покрај креветот. Марко седел и ги гледал работите кои биле уредно средени покрај столицата. 

Откако ги испил таблетите, сфатил дека има голема модрица кај окото. Секако бил збунет. Набрзо видел и порака во тоалетот која била оставена од неговата сопруга. На пораката имало нацртано срце и напишано: 

“Злато, вчера беше многу пијан и направи некои работи. Но не се грижи, јадењето е на маса, излегов порано. Те сакам, твојата сопруга.” Марко отишол во трпезаријата каде што имало доручек, кафе и весник. 

Неговиот син веќе некое време доручкувал. Марко го прашал: 

“Сине, што се случи вчера?” На тоа синот му одговорил: “Вчера си дојде дома околу 3 часот… беше пијан и луд. Падна на масата во дневната соба и направи штета. Потоа поврати низ целиот стан и се удри во вратата. Така ја заработи таа модрица” 

Целосно збунет го прашал синот: “Па зошто мајка ти е толку расположена, па ми направила дури и доручек?” Синот одговорил: 

“А да… Вчера кога те пресоблекуваше во спалната соба ти постојано повторуваше: Остави ме, оженет сум.” 

Изгледа тоа е доволно за да се надокнади целата штета од пијанството….

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно