Се повеќе роботи,се помалку војници

Се повеќе роботи,се помалку војници


Со огромниот и рапидно брз развој на технологијата се поизвесно е дека модерните армии ќе се потпираат се повеќе на напредни роботи, дронови и вештачка интелегенција за поразување на своите армии.

Русија и Кина кои имаат тројно помали буџети од САД на годишно ниво за армијата, се повеќе се насочени кон иновациите кои ќе им помогнат да добијат тактичка предност па затоа вложуваат повеќе ресурси за посебни оддели за сајбер војување, за развој на евтини дронови за воени цели, како и унапредување на роботи кои ќе може да активираат на воените жаришта без да губат човечки жртви.

Засега од Пентагон се уште многу се потпираат на моќта на носачите на авиони и нуклеарните подморници како главни стратешки предности во однос на непријателите, но исто така ангажираа технолошки експерти. 

Според нивната стратегија треба да се реплицира културата на иновации и технолошки пронајдоци која е карактеристична за Силицумската долина во Калифонира каде се развија бројни моќни технолошки гиганти. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно