Се обидела да се самозапали во полиција

Се обидела да се самозапали во полиција


Четириесет годишна жена се обидела да се самозапали во полициската станица во Драчево,

Вчера околу 23 часот жената во полициската станица рекла дека е депресија и дека сака да си го одземе животот. Во станицата бил повикан и нејзиниот син.

Во еден момент, додека таа разговарала со еден од полицајците, извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали.

Полициските службеници и нејзиниот син спречиле да се случи трагедија, а жената потоа била пренесена во психијатриската болница „Бардовци“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно