Се множат сексуалните манијаци

Се множат сексуалните манијаци


42-годишна жена, со иницијали О.К.Л. пријавила дека непознат  сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече.

Две жени пријавиле вчера во полициската станива во Карпош дека биле нападнати од непознат маж. Првата пријава била од 42-годишна жена, со иницијали О.К.Л. пријавила дека непознат  сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече. О.К.Л. го истуркала од себе, по што сторителот побегнал во непознат правец. Настанот се случил на улицата „Волгоградска“.

Вториот таков случај бил пријавен во полициската станива од 24-годишната С.С.Таа пријавила дека на истата улица во 13 часот, во влез од зграда, непознат сторител ја нападнал одзади и почнал да ја допира по градите и телото. Таа го турнала, по што тој избегал во непознат правец.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно