Се чувствував како во слаткарница, кога играше Југославија

Се чувствував како во слаткарница, кога играше Југославија


На ЕП ги гледав сте натпревари, ги видов Русите, ама и Југославија со Дивац, Раџа, Кукоч… Се почувствував како да сум во слаткарница и се запрашав зошто тие момци не се во НБА лигата.  

Eден од најдобрите светски кошаркарски стратези, Грег Попович кој со успех го води Сан Антонио Спарс повеќе од две децении на интересен начин и во свој стил ја искоментира славната генерација на Југославија предводена од Владе Дивац, Дино Раџа, Дражен Петровиќ, Тони Кукоч…

-На светот има многу добри играчи, тоа го увидов уште 80-те години. На ЕП ги гледав сте натпревари, ги видов Русите, ама и Југославија со Дивац, Раџа, Кукоч… Се почувствував како да сум во слаткарница и се запрашав зошто тие момци не се во НБА лигата.  Потоа почнавме да ги носиме во НБА и стана јасно колку се подобри квалитетот на нашата лига, -истакна Попович.

Грег кој има пет шампионски прстени со Спарс е познат по тоа што сака да соработува со играчи кои не доаѓаат од САД, а најдобри примери од неговото владеење се секако Тони Паркер и Ману Џинобили.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно