Санчез во Јунајтед не е проблем, проблем е Мино Раилоа

Санчез во Јунајтед не е проблем, проблем е Мино Раилоа


Алексис Санчез речиси сигурно ќе го засили Манчестер Јунајтед, но неговото пристигнување отвора нов проблем за Жозе Мурињо и раководството на клубот.

Мино Раиола помогна во реализацијата на размената со Хенрик Мхитарјан кој е негов клиент, а во втората етапа ќе реагира како агент на Пол Погба. Французинот заработува 15,6 милиони евра годишно и е најдобро платен играч на Јунајтед, но откако стана јасно дека Чилеанецот ќе заработува речиси двојно повеќе, Раиола побарал состанок на кој ќе бара подобри услови за Погба.

Санчез треба само како годишна плата да заработува 27 милиони евра со што ќе биде најплатен играч во Премиер лигата, но тоа за Раиола е „неправда“ која мора да биде исправена.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно