Санчез фудбалер на Јунајтед

Санчез фудбалер на Јунајтед


Стигна и официјална потврда, Алексис Санчез и Хенрик Мхитаријан од денеска имаат нови клубови, Чилеанецот од Арсенал се сели во Манчестер Јунајтед, додека пак Ерменецот од Манчестер Јунајтед лета за Арсенал.

Со ова конечно се стави крај на една трансфер сага во која двата лути ривали добија нови играчи во оваа зделка. Санчез сакаше да си замина од Арсенал, долго време Манчестер Сити беше фаворит за неговиот потпис, но на крајот стана „црвен ѓавол“ и ќе стрела за клубот од „Олд Трафорд“.

-Возбуден сум што му се приклучувам на најголемиот клуб на светот. Минав прекрасни три ипол години во Арсенал и со мене носам позитивни спомени  од тој голем клуб и фановите. Шансата да играм на овој историски стадион и можноста да работам со Жозе Мурињо беше нешто што не можев да го одбијам. Горд сум што сум првиот Чилеанец што ќе игра за Јунајтед и се надевам ќе им покажам на сите фанови ширум светот зошто клубот сакаше тука да ме донесе, -истакна Санчез.

-Среќен сум што ја затворивме зделката, среќен сум што сум тука. Ова е остварување на сонот, затоа што секогаш сонував да заиграм за Арсенал. Сега сум тука и ќе дадам се од себе да испишам историја, -порача Мхитаријан.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно