Само шекнат Бугарин е добар Македонец

Само шекнат Бугарин е добар Македонец


Гоце Делчев е Бугарин по потекло, но нема никакви пречки да го слават како херој и во Македонија, а македонизмот веќе го претрпел својот крах, изјави Ангел Димитров,

„Гоце Делчев е Бугарин, но се борел за слободата на народот што живеел на географската територија Македонија. По сѐ што се случуваше со децении, многу добро знаеме дека нашите разговори нема да бидат лесни. Не можеме да очекуваме брзи, молскавични и исклучително пријатни резултати за некои луѓе. Со колегите од Република Македонија ќе седнеме за да ги разгледаме сите спорни теми од гледна точка на интерпретацијата на нашето заедничко минато, за да откриеме дека тоа не може да биде негирано, и тоа сега кога Република Македонија се стреми кон Европска Унија и кон НАТО. Нештата не се сведуваат на признавање, туку на убедување во една научна дискусија, со професионални аргументи, што треба да биде променето во формирањето на општествената свест во Република Македонија, посебно на младите поколенија“ – вели Димитров, првиот бугарски амбасадор во Скопје за очекувањата од комисијата.

Во изјавата за БТВ Димитров вели дека Гоце Делчев може да биде херој на двете држави.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно