Само мртов Турчин, е добар Турчин за Грција

Само мртов Турчин, е добар Турчин за Грција


Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос во радио интервју ја употреби фразата „единствениот добар Турчин е мртов Турчин“, објави онлајн изданието „Екатимерини“.

Во интервју за радиото Скај, Пангалос нагласи дека Грција се „соочува“ со голем проблем со Турција.

– Непријателот е немилосрден и нема да биде надминат, без разлика на тоа колку добра волја ќе покажеме, рече тој.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно