Русите планираат масовно убивање на улични животни во пресрет на Светското првенство во фудбал, руските активисти ја обвинуваат ФИФА

Русите планираат масовно убивање на улични животни во пресрет на Светското првенство во фудбал, руските активисти ја обвинуваат ФИФА


Екатерина Димитриева, директорката на Здружението за заштита на животните во Русија, тврди дека информацијата дека уличните кучиња ќе бидат сместени во приватни центри за време на Светското првентство во фудбал е официјална.

Руски активисти за правата на животните предупредуваат да се спречи убивањето на улични кучиња и мачиња поради настанот кој треба да се одржи ова лето во Русија. Во градовите кои ќе бидат домаќини на спортскиот настан било договорено убивање на кучиња, а понудата за оваа работа е вредна 1,5 милиони евра, пишува Метро.

Потпретседателот на владата на Руската федерација, Витали Мутко од неодамна испрати барање до градовите домаќини на Светското првенство во фудбал да подготват привремено сместување за животните за кои се проценува дека ги има околу два милиони, а да не се убиваат.

Екатерина Димитриева, директорката на Здружението за заштита на животните во Русија, тврди дека информацијата дека уличните кучиња ќе бидат сместени во приватни центри за време на Светското првентство во фудбал е официјална. Руски активисти за правата на животните предупредуваат да се спречи убивањето на улични кучиња и мачиња поради настанот кој треба да се одржи ова лето во Русија.

Во градовите кои ќе бидат домаќини на спортскиот настан било договорено убивање на кучиња, а понудата за оваа работа е вредна 1,5 милиони евра. Но, Димитриева истакнува дека труењето на кучињата во тие центри веќе било договорено и платено.

За овој проблем се покрена петиција потпишана од 77.000 луѓе. "Стотици илјади кучиња и мачки ќе бидат уништени со масовно труење", се предупредува со петицијата во која се додава дека домаќините ќе се потопат во крвта на напуштените животни.

Активистите ја обвинуваат ФИФА

Активистите во Русија ја обвинуваат ФИФА за толерирањето на ваквите настани и одбивањето да направат притисок кон руската влада да се запре оваа акција. "Понудите се потпишани, парите се веќе префрлени на оние кои што ќе го направат тоа. Не добивам одговори на моите прашања, бидејќи не постои процедура за откажување на убивањето на животните. Се работи за колење на животните", додава Екатерина.

Сепак, во оваа акција нема да учествуваат сите градови. Фифа наводно им одговорила на активистите изјавувајќи: "Сфаќаме дека постојат многу важни социјални прашања и иницијативи како вашите, кои заслужуваат поддршка и внимание. Но, сепак сигурни сме дека ќе не разберете поради моменталните активности со кои се занимаваме, не сме во можност да ви дадеме конкретна поддршка".

Сепак, Руската Влада им вети на граѓаните дека ќе направат се за да престане убивањето на животните бездомници, бидејќи, како што велат граѓаните, подобро е парите кои се наменети за убивање на животните, да се употребат за нивна вакцинација и да се направат места за нивно згрижување.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно