Русин, лекар сам си направи операција на слепо црево

Русин, лекар сам си направи операција на слепо црево


Рускиот лекар Леонид Рогозов во советската истражувачка станица на Антарктик успешно изведе неверојатна хируршка интервенција на вадење на сопственото слепо црево.

Како херој на нацијата, Рогозов е споредуван со Јуриј Гагарин, кој истата година стана првиот човек кој полета во космосот.

Операцијата која советскиот лекар Леонид Рогозов ја изведе на себе не е единствениот ваков случај. Уште во 1921 година американскиот хирург Еван О’Нил Кејн изведе експеримент во кој самиот себеси си го извади слепото црево и самиот си ја заши раната.

Разликата помеѓу овој и случајот на Рогозов е во тоа што советскиот лекар не бил во комфорна операциска сала опкружен со тим професионални хирурзи подготвени да му помогнат ако нешто тргне наопаку. Тој тоа не го направил за науката, ами за да преживее.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно