Румениге пресече, никој не може да купи фудбалер од Баерн

Румениге пресече, никој не може да купи фудбалер од Баерн


Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, одлучи јавно да ги прекине сите шпекулации кои се поврзани со нивниот најдобар напаѓач Роберт Левандовски.

Медиумите веќе неколку недели пишуваат дека Левандовски ќе замине од германскиот гиганти и ќе се пресели во Реал Мадрид, а поради таа причина го ангажирал новиот агент Пини Захави, кој има голема моќ во светот на фудбалот. Сакам да ја потсетам јавноста на 2008. година кога имавме фантастична понуда од Челси за Франк Рибери. Цел свет мора да знае дека никој не може да купи играч на Баерн Минхен, без ние да се согласиме на тоа. Можам да кажам дека Левандовски 100 проценти ќе игра и наредната сезона за нас“, вели Румениге.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно