Розе чоколада за Велигден

Розе чоколада за Велигден


За сите обожувачи на благо доаѓа убава вест, а тоа е дека имаме нова чоколада во светот и ова е првиот сосема нов вид на чоколада, откако белото чоколадо беше последно претставено пред светот пред 80 години.

Како што може да видите од фотографиите , тоа е прилично розево, но тоа не се должи на употреба на прехрамбени бои. Руби чоколадата се произведува од Руби зрна какао , кои содржат такви пигменти.


Вкусот му е доста овошен и малку киселкаст. „Бери Калебаут”, компанија со седиште во Цирих, која поминала 13 години развивајќи го ова ново чоколадо, за медиумите го опишува како “интензивно сетилно задоволство”, додавајќи дека тоа е “комбинација на овошкаст вкус и сочна текстура што се топи во уста”.

Во моментов, составот на чоколадото останува мистерија. Темното чоколадо има  високо количество на какао, ниско на млеко; белото чоколадо е спротивно, а млечната чоколада е некаде помеѓу. Каде точно Руби чоколадата се наоѓа во овој спектар? Дали навистина е направено само од зрната, како што некои тврдеа? Ќе дознаеме наскоро.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно