Романци ги одбележаа 100-те години од раѓањето на Чаушеску

Романци ги одбележаа 100-те години од раѓањето на Чаушеску


Поддржувачите на романскиот комунистички диктатор Николае Чаушеску се собраа на неговиот гроб, на 100-годишнината од неговото раѓање.

„Се сеќаваме на најголемиот Романец на сите времиња“, изјави гордо насобраните. „Дојдов да ја извршам својата патриотска должност и да му запалам свеќа бидејќи тоа го заслужува“, вели 79-годишниот Валеријан, кој со десетици верни поддржувачи однел на гробот цвеќе и свеќи.

Чаушеску, кој во антикомунистички бунт беше симнат на 22 декември 1989 по четврт век владеење со цврста рака, три дена подоцна беше застрелан заедно со сопругата по воен суд.

„Сите имаа работа и стан и фрижидерите беа полни“, вели пензионерот Валеријан, намалувајќи ги размерите на сиромаштијата што ја одбележи ерата на Чаушеску.

За голем број Романци „Чаушеску е симбол на славното минато, Романија поради чија слава луѓето забораваа на студот и гладот“, вели за Франс прес социологот Василе Данцу.

Во последните години сѐ повеќе луѓе жалат по тие времиња разочарани од политичарите кои се на власт од доаѓањето на демократијата пред 28 години, истакнува тој.

„Чаушеску воведе лична диктатура и неговиот режим беше заснован на терор“, вели 62-годишниот Раду Филипеску кој во 1983 бил осуден на 10 години затвор поради ширење летоци со кои се повикувале Романците на улични протести против комунистичкиот режим.

Тој истакнува и дека поранешниот лидер наредил да се пука во демонстрантите за време на бунтот во 1989, кога беа убиени над 1.100 луѓе.

Но, поранешниот диктатор и денес поттикнува интерес и љубипитност: големата палата, која по негова наредба беше изградена во центарот на Букурешт и во која денес е парламентот, е една од главните туристички атракции во земјата. Лани ја посетиле 210.000 луѓе.

Неговата поранешна резиденција Палатул примавери (Пролетна палата), која речиси две години е отворена за јавноста, во 2017 имала 36.000 посети.">

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно