Роџер Федерер е тениски бог: Швајцарецот до 20. Гренд Слем титула во кариерата!

Роџер Федерер е тениски бог: Швајцарецот до 20. Гренд Слем титула во кариерата!


Роџер Федерер се запиша во историјата како првиот тенисер кој освоил 20 Гренд слем турнири.

Швајцарецот во неговото седмо финале стигна до шестата титула на Аустралијан Опен со победата над Марин Чилиќ со 6:2, 6:7(5), 6:3, 3:6 и 6:1 во сетови. 

Федерер се изедначи со Новак Ѓоковиќ и Рој Емерсон и сега тројцата имаат по шест титули во Мелбурн парк. Се чинеше дека Швајцарецот ќе го победи и Чилиќ без изгубен сет, но покрај дебаклот во првиот сет, Хрватот се покажа како тежок ривал и до последен поен го измачи шампионот. 

Федерер одлично сервираше, имаше 24 ас удари, поентираше на 8-% од првите сервиси и на тоа ја градеше својата игра, а Чилиќ одговараше со агресивни напади, па мечот го заврши со четири винери повеќе (45-41).

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно