Роб Портер, секретар во Белата куќа ги тепал сопругите

Роб Портер, секретар во Белата куќа ги тепал сопругите


Секретарот на Белата куќа, Роб Портер, најави оставка откако двете поранешни сопруги го обвинија за семејно насилство.

За медиумите, Коби Холдернес, една од сопругите, изјави дека Портер ја давел и ја удрирал додека биле во брак. Истото го потврди и втората негова сопруга, Џенифер Волоуби која рече дека Портер бил насилен.

Секретарот ги негираше обвинувањата, но сепак најави оставка, беа да прецизира кога истата ќе стапи на сила.

„Овие обвинувања едноставно не се точни“, се брани Портер преку соопштение што го објави „Белата куќа“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно