Режисерот Скорцезе ќе се вози на Златна кочија

Режисерот Скорцезе ќе се вози на Златна кочија


Американскиот режисер Мартин Скорцезе ја доби наградата „Златна кочија“ на француското Здружение на филмски режисери во рамките на Канскиот филмски фестивал.

Наградата, која е именувана според истоимениот филм на Жан Реноар, се доделува од 2002 година, а американскиот режисер ја добива за „иновативни квалитети во неговите филмови, за смелост и непопусливост во режијата и продукцијата“.

Француското Здружение на филмски режисери соопшти дека им претставува задоволство да го поздрават Скорцезе како „исклучителен режисер и извор на неисцрпна инспирација“.

На Фестивалот во Кан на девети мај ќе му биде врачена наградата на американскиот режисер.

Скорцезе во 1976 година ја доби „Златната палма“ во Кан за филмот „Таксит“, а во 1986 година наградата за режија за филмот „Во ситните часови“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно