Реванш тежок половина милијарда

Реванш тежок половина милијарда


Минатата година овој период малку кој веруваше дека ќе дојде до „борбата на векот“, помеѓу боксерскиот шампион Флојд Мејведер и УФЦ шампионот Конор Мекгрегор.

Сепак, седум месеци подоцна борбата се одржа, Мејведер очекувано славеше на свој терен. Флојд успеа да го победи Конор после 10 рунди, а и двајцата заработија огромна сума.

Иако се нарекуваше и „борба од 100 милиони долари“ и Мекгрегор и Мејведер си поделија многу повеќе.

Според последните информации од САД во овој момент се преговори за реванш кој (повторно) никој не го очекува.

Наводно, Мејведер е спремен по прв во својата кариера после 50 победи во боксерскиот ринг да се проба и во ММА.

Американецот отвори преговори како и минатиот, испитување на теренот, предизвикувања и енигматични објави на интерент.

Со желба за одмазда Мекгрегор како и пред една година редовно му возвраќа, а минатата недела му порача: Јас дојдов на негов терен, сега тој нека дојде на мој. Би ја заслулжил мојата почит доколку се одлучи да влезе во октагон“.Овој пат влоговите би биле многу поголеми бидејќи потребна е поголема сума за Мејведер да прифати да влезе во кафез со еден од најлудите борци.

Боксерскиот експрет Герет Дејвис за „ТалкСпорт“ откри дека преговорите за големиот реванш се во тек иако официјална потврда се уште нема.

„Многу се преговара во позадина, околу Мејведер и неговата потенцијална ММА борба со Мекгрегор. Конор немаше шанса во боксерски меч против Мејвдер. Луѓето сигурно сега сакаат да видат како Мејведер ќе се снајде во октагон. Мислам дека ќе има реванш и тоа ќе биде меч од 300, 400 или 500 милиони долари“, изјави Дејвис.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно