Ретко виден хаос во Аргентина, Крачлоу во драматична завршница триумфираше во Рио Ондо

Ретко виден хаос во Аргентина, Крачлоу во драматична завршница триумфираше во Рио Ондо


ГН на Аргентина донесе хаос кој ретко се гледа во Мото ГП шампионатот, на крајот Кал Крачлоу во драматичен финиш ја доби битката со Жоан Зарко за голема победа

Џек Милер вчера на големо изненадување стигна до пол-позиција откако реши да се коцка и да вози со гуми на суво на патека која не беше целосно сува. Австралиецот со истиот рецепт пристапи и на денешната трка. Тој беше единствениот кој со гуми за суво се појави на гридот, додека сите други излегоа со гуми за влажна подлога. 

Кога другите увидоа дека патеката е доволно сува, ги променија гумите. За ваков потег обично следува казна и старт од бокс, но бидејќи промена направија сите, организаторот на трката најде некое соломонско решение и ги казни сите со 20 стартни места, што и не е некоја голема казна. Милер беше сам во првиот ред, неколку реда зад него сите останати, но тоа не беше единствениот проблем. Кога трката требаше да почне, изгасна моторот на Марк Маркез. 

Шпанецот требаше да биде преселен во боксот или да биде вратен на опашката, но откако успеа одново да го стартува моторот, си ја завзеде позицијата. Секако за овој потег подоцна доби казна. Сепак драмата не застана тука, шампионот беше далеку побрз од сите и лесно напредуваше, но во неколку наврати се прецени, особено при обидот да го претекне Валентино Роси. Маркез се заби во „Докторот“ и го исфрли од трка, за што доби нова казна и остана без бодови. Во целиот овој хаос, најдобро се снајде Кал Крачлоу, кој до последен свиок водеше битка со Жоан Зарко и на крајот забележа голема победа. 

Последното место на подиумот му припадна на Алекс Ринс, додека пак Џек Милер заврши како четврти. Може да се кажи и дека од целата ситуација ни крив ни должен профитираши и Андреа Довициозо. Италијанецот и Дукати имаа викенд за заборав во Аргентина, а на крајот освоија повеќе бодови од конкурентите за титулата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно