Реал убедливо со 4-1 го доби дербито против Валенсија

Реал убедливо со 4-1 го доби дербито против Валенсија


Со новите освоени бодови Реал се доближи на само два помалку од Валенсија која останува на третото место со вкупно 40 бода.

Актуелниот шпански првак Реал Мадрид убедливо со 4-1 го доби дерби дуелот против Валенсија.На средбата од 21.коло во Ла Лига, одигран попладнево на „Местаља“, гостите од Мадрид во првиот дел остварија два гола предност и тоа од пеналите кои ги реализира Кристијано Роналдо, првиот во 16-тата, а вториот во 38-минута.

Со голот на Санти Мина во 58.минута, Валенсија ја врати неизвесноста која траеше до завршните пет минути, кога гостинските фудбалери постигнаа уште два гола.За тоа се погрижија Марсело (84) и Тони Крос (89).

Со новите освоени бодови Реал се доближи на само два помалку од Валенсија која останува на третото место со вкупно 40 бода.Двете првопласирани екипи Барселона (54 бодови) и Атлетико Мадрид (43) своите средби од ова коло против Алавез и Лас Палмас ќе ги играат утре.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно