Реал сака тројца фудбалери на Јунајтед

Реал сака тројца фудбалери на Јунајтед


Раководството на Реал Мадрид стапило во контакт со колегите од Манчестер Јунајтед и доставиле интересна понуда до „црвените ѓаволи“, пренесуваат англиските медиуми.

„Манчестер Ивнинг Њуз“ тврди дека „кралевите“ го обновиле интересот за Давид де Геа, а притоа ги информирале „црвените ѓаволи“ дека се заинтересирани за Пол Погба и Антони Марсијал доколку клубот се одлучи за нивна продажба.

Во замена Реал Мадрид му понудил на Манчестер таканаречена „прва опција“ за тројца фудбалери од нивниот тим. Првото име е Герет Бејл, кој ова лето најверојатно ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Медиумите не откриваат со сигурност кои се другите двајца фудбалери, но се претпоставува дека станува збор за Тони Крос и Лука Модриќ. Имено, „црвените ѓаволи“ ќе имаат предност доколку овие фудбалери заминуваат од Реал Мадрид.

Меѓутоа, Манчестер Јунајтед категорично ја отфрлил можноста да се раздели со Давид де Геа, кој се очекува наскоро да го продолжи договорот со клубот од „Олд Трафорд“.

Сепак, англиските медиуми не ја отфрлаат можноста двата клуба да направат трампа на фудбалери во летниот преоден рок.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно