Реал ќе ги тужи сите кои не му аплаудираат

Реал ќе ги тужи сите кои не му аплаудираат


Мајкл Оливер со својата одлука да досуди пенал во 93-та минута од реванш четвртфиналето во Лигата на шампионте направи Реал Мадрид и Јувентус да ги исполнат насловните страни на сите светски медиуми.

Доминираа натписите кои говореа за голема контроверза на „Сантијаго Бернабеу“ и очигледно фаворизирање на „кралевите“.

Сето ова започна уште на теренот кога Џорџо Кјелини им покажуваше на играчите на Реал дека го потплатиле судијата, продолжи со коментарот на легендарниот Чилавер кој порача дека „мафијата на УЕФА“ го оставила Јувентус без полуфинале, а заврши со осуда со добар дел од медиумите кој пласманот на Реал Мадрид меѓу четирите најдобрри екипи во Европа го окарактеризираа како „голем грабеж“. Ваквите гласини секако му даваат непосакуван пулбицитет на европскиот шампион, а ако веќе своето огромно разочарување и голем бес го искажа Зинедин Зидан на вчерашната прес-конференција, информациите од Шпанија ни велат дека раководството на клубот не планира работата за заврши само на тоа.

Флорентино Перез и одборот на директори на Реал се изморени од постојаните гласини дека „кралскиот клуб“ добива судиска помош во Европа, а по последните полемични случувања со Јувентус и бура од негативни коментари, во клубот размислуваат да покренат правна постапка, односно да се покренат тужби до сите оние кои без никакви докази го омаловажуваат достигнувањето на тимот.

Оваа ексклузива ја пренесува мадридска „Марка“ која има свои инсајдерски извори во клубот, а со ваквиот потег, Реал Мадрид покрај себе, сака да ги заштити и милионите фанови ширум светот кои во изминативе неколку дена на големо се објсануваат дали прекршокот на Лукас Васкез беше пенал.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно