Разменете стари со нови банкноти-доколку ги имате

Разменете стари со нови банкноти-доколку ги имате


Народната банка на РМ од 15 мај годинава ќе пушти во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари. Истовремено ќе се повлекуаат од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари коишто се во оптек од 8 септември 1996 годин

Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање.

Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.

Тоа значи дека во период од една година граѓаните и компаниите ќе треба да заменат над 20 милиони бакноти во апоени од 10 и 50 денари кои што во моментов се во оптек во Македонија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно