Распродажба во Реал за 300 милиони евра

Распродажба во Реал за 300 милиони евра


Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид ова лето ќе продаде пет фудбалери за околу 300 милиони евра, а потоа ќе следува шопинг со кој ќе бидат срушени сите трансфер рекорди.

Реал Мадрид донел одлука да ги продаде Бејл, Иско и Бензема, а од овие тројца фудбалери ќе инкасира вкупно 250 милиони евра.

Притоа, „кралевите“ најверојатно ќе ги продадат и Дани Себаљос како и Матео Ковачиќ, па вкупната сума ќе биде повеќе од 300 милиони евра.

После тоа Реал ќе тргне во шопинг кој ќе биде незапаметен во историјата на фудбалот!

Она што е сигурно дека Одриазола ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ за 40 милиони евра, и дека „кралевите“ работата на трансферот на голманот на Рома, Алисон кој ќе чини околу 60 милиони евра.

Тоа е само почеток, прва мета во нападот е Левандовски, а како алтернатива се споменуваат Икарди и Хари Кејн.

Сигурно ќе пристигне и еден дефанзивец. На радарот се Умтити од Барселона и Хименез од Атлетико Мадрид, а и двајцата фудбалери имаат откупна клаузула од 60 милиони евра.

На крајот Нејмар треба да биде „цреша на торатат“. Перез ќе направи СЕ за да го донесе Бразилецот на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да плати 250 милиони евра.

Доколку не успее да го донесе Нејмар, како алтернативи се споменуваат Мохамед Салах од Ливерпул или Еден Азар од Челзи.

Сепак, едно е јасно – после две мирни лета, следува „бурна“ во Мадрид…

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно