Пулишиќ навива за Јунајтед и сака таму да игра

Пулишиќ навива за Јунајтед и сака таму да игра


Борусија Дортмунд испрати јасна порака на сите потенцијални купувачи: Кристиан Пулишиќ не е на продажба за сума помала од 100 милиони евра!

Со оглед на играта на 19-годишниот репрезентативец на САД и цените на пазарот во последните неколку години, не е чудо што во германскиот клуб бараат толкава астрономска сума за овој играч. Но, она што ги изненади сите е коментарот на младиот играч кој без резерви призна дека неговата голема желба е да игра во Премиер лигата и дека од мали нозе навива за Манчестер Јунајтед.

„Да, вистина е, од детството сум голем навивач на Јунајтед. Среќен сум кога ќе слушнам дека на Олд Трафорд се заинтересирани за мене, но, секако, сега сум фокусиран само на Борусија“, изјави Пулишиќ за чии услуги се заинтересирани и Баерн и Ливерпул.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно