Пуџдемон плати кауција и излезе од германски затвори

Пуџдемон плати кауција и излезе од германски затвори


Германските обвинители соопштиле дека наредиле поранешниот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон, веднаш да биде ослободен од затвор, откако уплатил 75.000 евра кауција.

Канцеларијата на обвинителството во Шлезвиг наведува дека Пуџдемон на властите им ја оставил адресата во Германија, каде ќе прстојува додека судот не донесе одлука на барање на Мадрид за негово екстрадирање по основа на обвинение за злоупотреба на јавни средства.

Претходно денеска, адвокатите на екслидерот на Каталонија стигнале во германскиот затвор во кој Пуџдемон ги помина изминатите две недели и се очекувало дека тој наскоро ќе биде пуштен по уплатата на кауцијата.

Во образложението на судот во Шлезвиг стои дека Пуџдемон неможе да биде екстрадиран по обвинение за бунт, бидејќи германскиот закон за такво обвинение подразбира употреба на закана или сила доволна да ја скрши волјата на властите. Пуџдемон беше уапсен во Германија по шпанската потерница, кога се обиде од Финска да премине во Белгија, каде престојуваше.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно