Првата жртва на Русија

Првата жртва на Русија


По пријава на главниот судија од дуелот со Русија. Милевски доби суспензија од еден меч поради бурните и гневни реакции кон главниот арбитар на квалификацискиот меч со Русија

Селекторот на младата селекција Благоја Милевски нема да го води тимот до до 21 година вечерва против Австрија. Причината за ова е суспензијата која тој ја доби од УЕФА, по пријава на главниот судија од дуелот со Русија. Милевски доби суспензија од еден меч поради бурните и гневни реакции кон главниот арбитар на квалификацискиот меч со Русија (3-4) на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, откако арбитарот не му дозволи да направи замена во финишот, по што Македонија загуби во 94-та минута. Во вербалниот напад дури и полицијата мораше да интервенира за да го смири Милевски по мечот, па македонскиот селектор по пријавата од главниот судија сега нема да може да ги води своите избраници во Австрија. “Репрезентацијата за мене секогаш ќе биде над сѐ. Додека сум на оваа позиција секогаш ќе ги бранам интересите на нашата селекција и никогаш нема да дозволам некој да се подигрува со угледот на тимот и федерацијата која ја претставувам. Уште повеќе по нечии одлуки кои го газат трудот на фудбалерите и прават да се чувствуваме дека сме со пониска вредност во однос на противникот. Правилата се јасни, имаме право на замена во судиското надополнување, но не ни дозволија иако имаше две можности тоа да го направиме. Репрезентацијата вечерва ќе ја предводат Роберт Стојановски и Звонко Златановски. Се надевам дека ќе бидеме исто толку мотивирани и борбени како против Русија. Ако одиграме на тој начин, нема причина за грижа, сеедно каков ќе биде исходот. За нас фудбалот треба да биде на прво место и на тој начин и се однесуваме, вели Милевски. Дуелот на младинската селекција против Австријците се игра денеска од 18 часот, а црвено-жолтите ќе се обидат да ја прекинат црната серија од четири порази по ред во овој циклус, во кој експресно ги загубија шансите да се борат за висок пласман. Австрија во ноември лани победи во Скопје со 4-0, по што Милевски најави и ја оствари големата реконструкција на оваа селекција, која за малку не успеа да освои бод против фаворизираната Русија пред четири дена.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно