Протест во центарот на Скопје: Правда и слобода за политичките затвореници (фото галерија)

Протест во центарот на Скопје: Правда и слобода за политичките затвореници (фото галерија)


Во центарот на Скопје денеска кај Соборниот храм на протест излегоа голема група на граѓани кои упатија пораки за ослободување на неправедно приведените за настаните од 27 април.

На протестот се вееја македонски знамиња, се свиреше со тапани и зурли, а покрај слобода за притворените, насобраните порачаа дека бараат и да се престане со разнебитувањето на Македонија и продавањето на нејзиното име.

Тие со зурли и тапани и бројни транспаренти протестираа, a од Соборниот храм по булеварот „Свети Климент Охридски“ и потоа по булеварот „Теодосиј Гологанов“ се упатија кон Собранието каде секојдневно протестираат и бараат ослободување на притворените.



Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно