Просто неверојатно, скок на АТП листата на Новак

Просто неверојатно, скок на АТП листата на Новак


Некогашниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по пауза од три и пол години конечно забележа скок на АТП листата и сега со 2.470 бода е на 13. позиција.

И покрај раната елиминација во Австралија Опен, Рафаел Надал, сè уште е првиот рекет на светот, но сега со само 155 бода повеќе од шампионот од Мелбурн, Роџер Федерер, кој е на втората позиција. Скок од три места направи вчерашниот финалист, Марин Чилиќ, на четвртата позицијата падна Григор Димитров, додека петти е Александар Зверев

Во ТОП 10 место имаше и за Доминик ТиемДавид ГофинЏек Сок, Хуан Мартин дел Потро и Пабло Карено-Буста, додека скок од цели 29 места запиша младиот Кореец, Чунг и сега а на 29. тенисер на планетата. 

Што се однесува до нашите тенисери, сè уште највисоко котира Томислав Јотовски, кој оваа седмица скокна од 27 места и застана на 548. место.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно