Просто неверојатно Фабрегас се враќа во Арсенал

Просто неверојатно Фабрегас се враќа во Арсенал


Играчот за врска на Шпанија и Челзи, Цеск Фабрегас остави простор и можност за враќање во редовите на Арсенал.

Иако после „топџиите“ Фабрегас играше за Барселона и моментално за Челзи, сепак мора да се признае дека најдобрите денови во кариерата го помина во дресот на Арсенал каде би можело да се врати еден ден.

За време на Twitter Q&A сесијата во недела, Фабрегас беше запраша: Дали би се вратил во Арсенал како тренер во иднина ако имаш прилика? Неговиот одговор беше краток и јасен: Секако.

За потсетување Фабрегас сега има 30 години, а член на Арсенал беше до 2011 година кога замина во Барселона, а потоа се врати во Англија повторно, но во Челзи каде што сезонава има 41 натпревар и два постигнати гола со две асистенции.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно