Прогласена епидемија на грип во Софија и Бургас

Прогласена епидемија на  грип во Софија и Бургас


Софиска област од утре прогласи епидемија на грип на територијата на областа, со сите антиепидемиски мерки и прекин на наставата во училиштата за пет календарски дена, до 29 јануари, соопшти прес-службата на Министерството за здравство.

Епидемија на грип е прогласена и на територијата на областа Бургас. Се препорачува Регионалната администрација за образование во Бургас да ги прекине часовите од денеска попладне до 29 јануари. 

До следна наредба, прекинати се и болнички посети како и спроведување профилактични имунизации.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно