Пријателството се заборава, Александар останува вечен-Дали?

Пријателството се заборава, Александар останува вечен-Дали?


Македонскиот народ нема никогаш да се помири со оваа состојба. Промената на името, двојазичноста и договорот за добрососедство со Бугарија се невалидни - ова се пораките на неколкуте патриотски здруженија кои денеска протестираа пред Собранието.

Од говорница беа упатени пораките дека политиките на Власта се антиуставни и дискриминаторски . Побараа да престанат сите  преговарања и договарања  бидејќи истите велат се на шетата на македонскиот народ и македонската држава.

Организаторите на денешниот протест појаснија дека протестот е продолжување и дел од сенародниот протест започнат пред шест месеци „кон непринципиелните антимакедонски политики и одлуки на нелегалните и нелегитимните, инсталирани за спроведување на антимакедонските интереси“.

Денешниот протест помина во мирна атмосфера за разлика од претходните кога беше запалено знамето на Европската унија. На следните протести, кои ги најавија за во понеделник, сите здруженија на граѓани ќе стапат во коалиционо единство со народот, со цел, како што изјавија, преземање на судбината во свои раце  за сочување на вековниот македонски идентитет.

Под мотото “НиеСмеМакедонија” Македонци во повеќе земји излегоа на протести за заштита на  идентитетот, јазикот , името, како и за зачувување на унитарноста на државата.

Македонскта дијаспора бара Владата да прекине со секакви разговорите за името со Грција. Протестите викендот започнале во Нов Зеланд и Израел, а денеска и во  Швајцарија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија, а утре ќе се соберат во Малта.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно