При крај градбата на мостот долг 55 километри

При крај градбата на мостот долг 55 километри


По девет години градење на мостот долг 55 километри, кинеската влада јавно ја организираше презентацијата на речиси завршениот проект велејќи дека ова ќе биде инженерско чудо.

Имено, за најголемиот мост во светот кој поминува над морето и го поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина, се потрошило челик, колку за да се направат 60 Ајфелови кули.

Иако датумот на отворање сé уште не е потврден, само е спомнато дека ќе биде во јули годинава, официјалните лица му дадоа рок на траење на овој мост 120 години да биде во употреба и притоа значително ќе го скрати времето на патување и ќе ја поттикне економијата во таа област.

По отворањето најдолгиот мост над морето нема да биде место за пешаци.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно