Предвремени парламентарни избори во Словенија на 3-ти јуни

Предвремени парламентарни избори во Словенија на 3-ти јуни


Словенечкиот претседател Борут Пахор го потпиша указот за распишување предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 3 јуни.

Одлуката следи по оставката на словенечкиот премиер Миро Церар. Претседателот Пахор не назначи мандатар, а парламентарните партии не успеаа да договорат ново мнозинство и кандидат за премиер во законски утврдениот рок. 

Церар се повлече од функцијата откако Врховниот суд на Словенија донесе одлука да ги поништи резултатите од минатогодишниот референдум за изградба на нов автопат во вредност од една милијарда евра.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно