Пожар во трговски центар во Москва, во тек итна евакуација

Пожар во трговски центар во Москва, во тек итна евакуација


Во трговски центар во Москва избувнал пожар, а според првичните информации, има повредени луѓе.

Во тек е евакуација на посетителите кои се нашле таму во моментот кога настанал пожарот. Огнот го гаснат и два хеликоптера во сопственост на руската противпожарна единица. Пожарот започнал на четвртиот кат во објектот. Се претпоставува дека има најмалку двајца повредени, а официјални информации се очекуваат откако противпожарните служби ќе се справат со огнената стихија. Трговскиот центар се протега на површина од 6.000 метри квадратни. Ова е втор пожар во руски трговски центар. 

Неодамна во Кемерово загинаа 64 лица откако избувна пожар исто на четвртиот кат од шопинг-центар.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно