Повисоки плати во образование,здравство и одбрана

Повисоки плати во образование,здравство и одбрана


Замрзнување на платите на администрацијата која не си ја работи својата работа, најави премиерот Зоран Заев на отворен брифинг со новинарите.

„Ми треба јавната администрација да работи. Ако работи ќе им плус пари и за покачување на нивните плати, но ако не работи нема да има и покачување на БДП, нема нови работни места. Ако администрацијата работи тоа што и е работа, не повеќе, ќе најдеме пари за поголема плата. Но, ако не работи ќе ги замрзнам платите. Тоа е мој личен став, но сепак на крајот одлучува Владата“, рече Заев.

Тој кажа дека гледајќи ги состојбите во образованието и во здравството прифатил дека таму треба да има покачување на платите, како и во одбраната, но не и во другите сектори.

„Таму можевме 5 отсто и одлучивме за толку да ги покачиме. Со ребаланост ако може повеќе и повеќе ќе ги покачиме. Во одбраната веќе се покачени за 10 отсто. Но, во транспортот, локалната самоуправа не гледам дека некој нешто многу се измачува пред странката и таму нема зголемување на платите“ , рече Заев.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно