Потпорен ѕид падна врз дете кое потоа почина

Потпорен ѕид падна врз дете кое потоа почина


Двегодишно дете од село Десово, Прилепско, загина откако врз него паднал потпорен ѕид во куќата во која живеело.

Несреќата се случила вчера околу 9 и 30 часот. Според информациите на МВР, детето влегло во помошен објект во куќата кој сè бил во изградба, при што од засега непознати причини врз него паднал преградниот ѕид. Таткото А.Ф. и неговите браќа Е.Ф и Ш.Ф. го извадиле детето од урнатините и со сопствено возило тргнале кон Прилеп, за да му се укаже медицинска помош. Попатно, на влезот во градот пресретнале возило на Итна медицинска помош, побарале интервенција, но екипата на Итна медицинска помош констатирала смрт кај детето

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно