Поранешен разузнавачки шеф осуден на 15 години затвор во Бугарија

Поранешен разузнавачки шеф осуден на 15 години затвор во Бугарија


Поранешниот шеф на бугарската разузнавачка служба Кирчо Киров осуден е на 15 години затвор поради проневера на 3,19 милиони долари јавни фондови од 2007 до 2011 година.

Ова е втора пресуда изречена против Киров, кој во 2015 година е осуден во друга судска постапка на десетгодишна затворска казна, на која се жалел, пренесе Ројтерс. 

Обвинителството наведува дека Киров наредил на подреден да направи лажни документи за да може да ги пренасочи парите од буџетот на разузнавачката служба. 

Киров не ја призна вината и најави дека ќе се жали на најновата пресуда, која ја окарактеризира како политички мотивирана кампања за да се убедат меѓународните фактори и европските партнери дека Бугарија ја сузбива корупцијата. 

Бугарија, која го презеде шесмесечното претседавање со Советот на ЕУ, често е на удар на критиките на ЕУ, затоа што не им суди на високи функционери заради вмешаност во корупција. Киров е сменет од местото шеф на националната разузнавачка служба во 2012 година, по девет години на таа позиција, наведува Ројтерс.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно