Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Огут

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Огут


На патниот правец К.Паланка-с.Огут (Р-2245) поради свлечиште сообраќајот е во прекин.

Екипите на ЈП Македонијапат се на лице место и работат на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот. Авто-мото сојузот соопшти дека на патниот правец Р 1308 Макази-г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. 

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково. 

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно