Поради дојава за бомба евакуиран Горниот дом на рускиот парламент

Поради дојава за бомба евакуиран Горниот дом на рускиот парламент


Поради дојава за бомба евакуиран е Горниот дом во рускиот парламент.„Добивме анонимна дојава за експлозивна направа поставена во зградата.

 Во согласност со безбедносниот протокол, зградата се пребарува“, се наведува во соопштението на прес-службата.

Претходно денеска, извор на Долниот дом на парламентот рече дека стигнале дојави за бомби во 25 згради во руската престолнина, вклучувајќи и неколку болници, Московската берза и една мртовечница.

За четири часа, пристигнале две дојави за бомби во Долниот дом на рускиот парламент.

Од септември забележан е бран на анонимни дојави за бомби во 4.000 згради и 215 градови ширум Русија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно