Понудите за Франческо Тоти и неговите решенија

Понудите за Франческо Тоти и неговите решенија


Франческо Тоти ја заврши кариерата како икона на Рома, клубот каде ја мина целата кариера, но и како едно од големите фудбалски имиња кои не го освоија признанието „Златна топка“.

Иако Италијанецот не крие дека и самиот направил избор со кој си ги намалил шансите да ја освои индивидуалната награда, но дефинитивно би било поубаво ако ја имал во својата колекција.

– Единствено што ми недостасуваше во кариерата е „Златна топка“. Играјќи за Рома, знаев дека моите шанси да ја освојам наградата се помали отколку кога би играл за Јувентус, Реал Мадрид или Милан. Тие имаа поголеми меѓународни постигнувања, посебно ако се знае дека се освојува признание поради освоена Лига на шампиони или Светско првенство, – потенцира Тоти.

– Најконкретната и најатрактивната понуда која ја одбив беше таа од Реал Мадрид во сезоната 2003/04. Донесов одлука да му дадам предност на дресот кој сакав да го носам цела кариера пред трофеите, тоа ми беше најважно.

Со оглед на високите трансфер суми кои денеска се актуелни на светската фудбалска сцена, Тоти смета дека би котирал високо на фудбалската берза.

– Би вредел околу 200 милиони евра, – одговорил Тоти на ова прашање.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно