Покетино ќе биде тренер во потсојуз но не во Барселона или Арсенал

Покетино ќе биде тренер во потсојуз но не во Барселона или Арсенал


Аргентинецот изјави дека никогаш нема да работи во Арсенал и Барселона од почит кон Тотенхем и неговиот поранешен клуб Еспањол.

Тренерот на Тотенхемм Маурицио Покетино ја инетерсен начин ја објасни својата лојалност кон клубовите кои се во неговото срце.

„Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи, но едно е сигурно, никогаш нема да бидам во Барселона, Арсенал или пак Росарио Централ“, изјави Покетино.

„Ова е мојата одлука, попрво ќе се вратам да работам на мојата фарма во Аргентина отколку во некои клубови“, додаде Аргентинецот.

45-годишниот Аргентинец е дете на Њуелс Олд Бојс, долги години го носеше дресот на Еспањол, а од 2014 година го предводи Тотенхем.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно