Погба - Јунајтед пресилен за Сити

Погба - Јунајтед пресилен за Сити


Скоро никој и да не веруваше дека Јунајтед ќе има сили да го победи Сити на домашен терен, посебно не откако поведоа по првиот дел со 2:0, а лесно можеа да водат и со 5;0.

Но Сити по првиот дел како да застана да игра, или Јунајтед почна да игра, па гледавме две сосема различни полувремиња.

Во првото апсолутна доминација на Сити и очајност на Јунајтед, додека во вториот, гостите се отворија и беа пробивни по сите страни, а тоа најдобро се почувствува во одбраната на Сити која беше максимално ранлива и за 3 минути прими два гола од Пол Погба.

Но интересно е тоа што дури во Јунајтед иако се свесни дека титулата оди кај нивните „бучни соседи“, нивните навивачи од трибини пееа, „титулата за вас, но градот е наш“, што симболизира колку само им значи оваа победа на „Етихад“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно