Почина најстариот човек на светот на 113 години

Почина најстариот човек на светот на 113 години


Најстариот човек на светот, шпанецот Франциско Нунез Оливера почина синоќа во неговиот дом во селото Бјенвенида, Бадахоз во југозападна Шпанија.

Тој почина откако го прослави 113 роденден, а ќе биде погребан во неговото родно село. Градоначалникот на Бјенвенида, Антонио Кармен, ја потврди смртта утрово изјавувајќи: "Во последните години тој беше од големо значење за нас и нашето село, ни помогна да се запознаеме сите подобро и да сакаме".Локалните вести прогласија ден на жалост за да ја одбележат смртта на Франциско. Неговата ќерка Антонија, која работи како негувателка рекла дека нејзиниот татко бил здрав и не страдал од никаква болест.  Градоначалникот додал дека тој бил жив пример за квалитетот на животот во општината, но и за чистиот воздух и животот без стрес во ова село каде преовладува традиционалниот начин на живот. Во април 2015 година Франциско направил интервју и тогаш изјавил дека би сакал да живее уште неколку години и покрај тоа што сите негови пријатели веќе биле починати. Тој тогаш изјави: "Знам дека сум стар, но не се чувствувам старо".

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно