Почина маж на патот меѓу селото Лавци и планинарскиот дом „Неолица

Почина маж на патот меѓу селото Лавци и планинарскиот дом „Неолица


Шеесет и петгодишен маж почина откако се лизнал и удрил со глава во камен, движејќи се по патот меѓу селото Лавци и планинарскиот дом „Неолица“.

Случајот утринава во 10 часот е пријавен во СВР Битола, а како што информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен, на повредениот веднаш му била укажана прва помош од страна на планинари. 

За настанот веднаш била известена и Дирекцијата за заштита и спасување, од каде е испратена екипа за помош но, по пристигнување на местото на несреќата, е констатирана смрт.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно