По три децении Уставниот суд ќе каже постои ли вицепремиер

По три децении Уставниот суд ќе каже постои ли вицепремиер


Уставниот суд е на чекор да утврди дека функцијата вицепремиер е непостоечка во правниот поредок.

Политичката партија „Левица“, до Уставниот суд поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица. Судиите на 20 декември лани со мнозинство гласови ја прифатиле иницијативата на „Левица“.

„Од одредбите на Уставот и Законот за Владата, произлегува дека Владата ја сочинуваат претседател на Владата и министри и дека не постои функција потпретседател на Влада. Оттука произлегува дека со Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се утврдува коефициент за утврдување на плата за функција која не постои во Република Македонија“, пишува во образложението.

„Имајќи го предвид наведеното, произлегува дека со членот 14 од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, се определува коефициент за плата на потпретседател на Владата што е јавна функција која не постои во правниот поредок на Република Македонија, па произлегува дека овој дел од Законот е неприменлив, поради што Судот оцени дека основано се поставува прашањето дали ваквата законска регулатива е во согласност со владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија“, пишуваат судиите во образложението на иницијтивата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно