По Сообраќајната незгода во која беше згазено десетгодишно дете во Ѓорче Петров, граѓаните ја блокираат улицата!

По Сообраќајната незгода во која беше згазено десетгодишно дете во Ѓорче Петров, граѓаните ја блокираат улицата!


Десетгодишно дете попладнево е прегазено на улица Борис Сарафов во Ѓорче Петров во Скопје додека ја минувало улицата на обележан премин.

Полицијата врши увид на местото на несреќата,која се случила околу 19 часот кога автомобил опел астра удрило десетгодишно дете на улицата. Повреденото дете е префрлено во болница и првичните информации се дека се здобило со телесни повреди.

Очевидците кои ги затекна Телма на местото, тврдат дека несреќата се случила пред основното училиште Мирче Ацев.

-Возачот се обиде да ги избегне линиите кои се поставени за да го успорат сообраќајот, а 5-тооделенецот ја поминуваше улицата на преминот. Го удри само неколку моменти пред да стапне на тротоарот, тврдат локални жители кои го гледаа полицискиот увид кој во тоа време проверуваше дали има траги од кочење.

Автомобилот се движел од правец на Ѓорче Петров кон центар.

Повеќе десетици жители од населбата се собраа и протестираа барајќи побезбедни услови за сообраќајот. Велат дека и натаму остануваат на несиполнетото барање, општината да постави светлосна сигнализација односно семафори на кобното место, каде често се случуваат сообраќајни незгоди.

Со семафори на улицата, сообраќајот ќе се одвива побезбедно, а ќе се зголеми и сигурноста на жителите и на учениците од основното училиште, објаснуваа насобраните граѓани.

Граѓаните ја блокираа улицата со контејнери и во моментот на улицата трае увид, а сообраќајот по улицата Борис Сарафов е во прекин.

На фотографијата доле е местото на несреќата (одбележано со црвено). Детето е прегазено пред училиштето.

Фото: Телма

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно