По поразот правдање со Обамејанг

По поразот правдање со Обамејанг


Арсенал вечерва ги разочара своите фанови, со поразот на гостувањето јкај Свонси од 3:1, но расположението кај фановите би требало да го поправи пристигнувањето на Пјер Емерик Обамејанг од Дортмунд.

Работата, сепак не е официјализирана, па новинарите веднаш по мечот му поставија прашање на Венгер на таа тема.

„Се ќе знаеме утре изутрина“, кратко одговори Венгер.

Стратегот на Арсенал изненади што вечерва во составот го остави Оливие Жиру, кој треба да премине во Челзи. Францусскиот напаѓач влезе во игра во второто полувреме, при водството од 2:1 за домашните, но не успеа да донесе пресврт.

По мечот замина кај навивачите на Арсенал ги поздрави, што е уште една потврда дека Жиру вечерва го одигра својот последен меч во дресот на „Топчиите“.

А, што вели Венгер?

„Можно е, но како што реков се ќе се знае утре изутрина. Ќе ве известиме кога се ќе биде дефинитивно“, истакна Венгер пренесува Скај Спорт.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно